Во рамки на одбележувањето на Неделата на Црвениот крст и Црвената полумесечина Црвен крст Охрид денес организираше отворен инфо ден на кој деца од детската градинка „Јасна Ристеска“ и ученици од ООУ „Климент Охридски“ предводени од своите воспитувачи и наставници ги посетија просториите на Црвен крст Охрид, каде од страна на волонтерите на организацијата преку едукативни содржини се запознаа со делувањето и принципите на движењето на Црвениот крст, со активностите на Црвен крст Охрид и начините како да се постане член и активист на Црвениот крст, каде се негуваат и развиваат високо етичките и морални вредности, хуманоста и солидарноста.