АктуелноОхрид

Одличен успех на учениците од ОЕМУЦ ,,Св. Наум Охридски,, на регионалниот натпревар по англиски јазик

На 07.05.2022 година се одржа регионалниот натпревар по Англиски јазик за учениците од средните училишта каде зедоа учество и ученици од ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“. При тоа нашите ученици забележаа одличен успех.

Ученикот Виктор Попов од втора година под менторство на професорката Борка Секулоска Вретоска освои прва награда. Ученичките Фросина Нечовска и Ана Спироска од прва година под менторство на професорката Ива Стрезоска Кичеец и ученикот Андреј Цацаноски од втора година под менторство на професорката Борка Секулоска Вретоска освоија втори награди, а ученикот Даниел Трифуноски од трета година под менторство на професорката Мануела Брдароска Јанкоска ја освои третата награда. Воедно сите ученици се стекнаа со право за учество и на Државниот натпревар по Англиски јазик.

На сите ученици и нивните ментори им честитаме за постигнатиот успех.

-информираат од ОЕМУЦ Св.Наум Охридски.