АктуелноНаш ИзборНаш изборОхрид

Градоначалникот Пецаков оствари средба со шефот на мисијата на ОБСЕ во Македонија Клеменс Која

Градоначалникот  Кирил Пецаков, оствари протоколарна средба со Шефот на мисијата на ОБСЕ во Македонија, Клеменс Која. На средбата се разговараше за предизвиците со кои се соочува Охрид. Се разговараше за УНЕСКО, а градоначалникот делегацијата ја информираше со чекорите што Локалната самоуправа ги презема во согласност со препораките на УНЕСКО. Градоначалникот ги запозна гостите со начинот на функционирање на Локланата самоуправа.

Заеднички беше констатирано дека веќе добро воспоставената меѓусебна соработка треба да продолжи и постојано да се надоградува. Шефот на мисијата изрази подготвеност за давање на поддршка во делокругот на нивното дејствување.

 

 

општина Охрид