АктуелноНаш изборНаш ИзборОхрид

Активисти на Охрид СОС и малолетни лица станаа дел од Левица ? !

Реакции од граѓаните на социјалните мрежи од како се поајви фотографија од раководството на Левица во Охрид, кое според реакциите објавиле фотографија на малолетно лице кое било политички активирано кај нив, а на фотографијата се и лица кои до сега тврдеа деак се аполитични и дека се само екологисти.

 

„Она што до сега се шпекулираше во политичките кулоари, дека активистите на ФБ страната Охрид СОС ( еколошка оеганизација која формално правно не постои ) сега станува факт и достапно е на јавноста.“ – реагираат на ФБ граѓани на Охрид.

 

Активисти на Охрид СОС јавно станаа дел од органокот на Левица во Охрид уште кога Левица влезе во власта па така активистот Трајче Талески стана дел од Управниот одбор на „Водовод“ и како дел од Левица и коалицијата на власт прима месечен надомест за членување во овој управен одбор.

 

На фотографија објавена синоќа покрај претседателката на Левица Виолета Аврамоска, се наоѓа токму Трајче Талевски – стручно лице од Хидробиолошкиот институт во Охрид и до сега барем јавно познат активист на Охрид СОС.

 

Интересно е да се напомене дека на фотографиајта е и малолетно лице, според тврдењата тој е ученик во втора година во средното образование.

 

„Охрид1“ се обрати до Аврамоска која одби да коментира дали Трајче Талески е дел од Левица и рече дека не може да коментира ништо за членството, додека за лицето за кое на социјалните мрежи се тврди дека е малолетно, Аврамоски тврди дека се работи за ученик до четврта година средно училиште и дека истото е дел одподмладокот на Левица – „Црвена младина“

 

Левица Охрид во изминатите месеци се обиде да спречи неколку легализации, претежно во селските средини за кои гласаше против.