Со цел да се подобрат условите за одвивање на наставата, деновиве се поставени нови училишни табли во сите училници на ООУ „Кочо Рацин“. Старите и дотраени зелени табли се заменети со нови бели табли.
Седствата за набавка на новиот училишен инвентар се обезбедени од буџетот на Општина Охрид.
Согласно програмата за образование и во текот на наредниот период ќе бидат реализирани слични инвестиции за подобрување на условите во сите училишни објекти во Охрид.
општина Охрид