АктуелноОхрид

Кривична пријава за жител од Велешта – запалил суви лисја, а огнот зафатил сува трева, стрништа и нискостеблеста шума околу 4.000 м² и дел од лозје

ОВР Струга поднесе кривична пријава против 58 годишен жител од с.Велешта, струшко, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“. На 27.03.2022 на регионалниот пат Струга-Дебар, на место викано „Суво поле“, пријавениот додека ја чистел својата нива, запалил суви лисја и огнот зафатил сува трева, стрништа и нискостеблеста шума околу 4.000 м² и дел од лозје сопственост на жител од Вевчани.