АктуелноМакедонијаНаш ИзборНаш избор

Вечерва во Македонија ќе пристигне благодатниот оган од Ерусалим

Денеска во вечерните часови, Велика сабота, во Македонија ќе пристигне благодатниот оган од Ерусалим.

Ќе биде преземен од свештени лица на аеродромот „Скопје” и пренесен низ епархиите на Македонската православна црква.

Благодатниот оган секоја година, по благословот Божји, на чудотворен начин слегува во Гробот Христов. Истиот потоа се пренесува преку делегации и званични лица по сиот православен свет – соопштија од Македонска православна црква – Охридска архиепископија.