АктуелноОхрид

Прекин во водоснабдувањето на неколку улици поради дефект

Поради настанат дефект на водоводната мрежа – пукната цевка со профил ф100 (салонит) , денес од 08:00 часот ќе има неколкучасовен прекин во водоснабдувањето на следните улици : „Дејан Војвода“ , дел од „Македонски Просветители“ (на потегот од „Пожарна“ до „Електродистрибувија“), дел од „Бул.Туристичка“ , дел од „Стив наумов“ и „Петар Поп арсов“ . Екипи на ЈП ВОДОВОД Охрид се на терен, до завршување на санацијата, информираат од ЈП Водовод Охрид.