АктуелноОхрид

Денеска во Охрид нем новозаразени лица од КОВИД 19

Од направени 1.908 тестови во изминатите 24 часа регистрирани се 127 нови случаи на ковид-19, а од нив 20 се реинфекции. Оздравени се 123 пациенти, а нема починати лица. Дополнително од Мој Термин се пријавени две лица кои починале во претходен период. Бројот на активни случаи во земјава денеска е 802.

Новите случаи на ковид-19 се во Скопје – 57, Битола – 24, Охрид – 7, Прилеп и Велес по  5, Струга, Берово и Валандово по 4, Кавадарци и Кичево по 3, Куманово и Струмица по 2, а во Штип, Гевгелија, Неготино, Свети Николе, Делчево, Демир Капија и Македонска Каменица по 1.

Регистрирани сe 123 оздравени пациенти и тоа од: Скопје – 68, Битола – 19, Струмица – 7, Кавадарци и Гостивар по 4, Велес, Штип и Струга по 3, Прилеп, Кичево и Гевгелија по 2, Куманово и од Охрид, Кочани, Ресен, Радовиш и Виница по 1.

Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза ковид-19 од Мој Термин, дополнително се пријавени две починати лица од Скопје (82г) и Охрид (91г). Едно лице е починато во домашни услови и едно во болнички услови, а биле пријавени во период од 02.04 до 12.04.2022 година.

МЗ