АктуелноОхрид

18 годишен Охриѓанец излетал од патот, со тешки телесни повреди пренесен во болница

На 18.04.2022 година во 18.30 часот на улицата „Манастирска“ во охридското село Велгошти, патнички автомобил „Митсубиши“ со бугарски регистарски ознаки, управуван од  18 од Охрид, излетал од патот. Тој се здобил со тешки телесни повреди констатирани во Општата болница во Охрид. Увид на местото извршија полициски екипи.