АктуелноОхрид

Кривична пријава за Охриѓанец – користел платежна картичка од друго лице

СВР Охрид поднесе кривична пријава против 38 годишен жител од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „оштетување и неовластено навлегување во комјутерски систем“. Тој, на 01.03.2022 година и 08.03.2022 година, без знаење и одобрение од оштетениот исто од Охрид, ја искористил неговата платежна картичка и од истата извадил парични средства, а потоа ја користел при купување во маркети и други продажни места.