АктуелноОхрид

(ВИДЕО) Дрво падна на управната зграда на општата болница во Охрид

Силниот ветер во Охрид, откорна дрво и истото падна на управната зграда на општата болница во Охрид. Причинета е само материјална штета.

Инаку по најавите од Управата за хидрометеоролошки работи за појава на засилен јужен ветер над 60 километри на час и можна појава на краткотраен дожд во попладневните часови денеска и утре, надлежните апелираа да не ги паркираат своите возила под високте дрвја, за да се избегнат несакани последици.

Исто така, доколку граѓаните забележат паднато дрво може да го пријават во Центарот за управување со кризи на телефон 195.