четврток, март 28, 2024
News1.mkНаш ИзборНаш избор

Објавен Конкурсот за запишување во средно образование за учебната 2022/2023 година

Министерството за образование и наука денеска го објави Конкурсот за запишување ученици во јавните средни училишта за учебната 2022/2023 година.

Во објавениот Конкурс се наведени условите за запишување и критериуми за избор на учениците, потребните документи за запишување, наставните предмети од основното образование кои се предвидени во критериумите за рангирање на успехот на учениците, роковите за пријавување и насоки за спроведување на Конкурсот.

Првото пријавување на учениците ќе биде на 14 и 15 јуни 2022, второто пријавување на 21 и 22 јуни 2022, а третото пријавување на 28 јуни 2022.