На последната девета седница на Советот на општина Охрид, советникот од ВМРО НП, Ванчо Костовски како чен на Комисијата за буџет постави прашање до ЈП Водовод , бидејќи поранешнот меѓуопштинско јавно претпријатие Проаква и Водоводимаа формирано заедничко јавно претпријатие за приватн инвеститор за изградба на три хидроцентрали на изворите од Рамне.
-Тие се направени од 2008 и произведуваат електрична енергија, меѓутоа од она што беше кажано ниту еден денар не е влезено во ова јавно претпријатие. Во договорот имаше 31% од нето добивкта од ова јавно претпријатие треба да одат на конто на ЈП Водовод. Тоа секако дека ќе имаше приходи, меѓутоа од моите сознанија, досега ниту еден денар не е влезено. Затоа побрав јавно да се видат завршните сметки на тоа заедничко јавно претпријатие. Да се види, дали трошковите што се прикажани јавно се во ред? Ако се во ред тогаш сме имале една лоша проценка, истакнува Костовски.