АктуелноНаш ИзборНаш изборОхрид

Охридскиот Бреинобреин со низа медали на 7-от Интернационален натпревар

Вкупно 56 награди, од кои 8 трофеи, 14 златни медаљи и 33 сребрени медаљи е билансот на  освоени награди на охридските бреинобреин генијалци на 7-от Интернационален Бреионобреин натпревар кој на онлајн платформа се одржа на 29 јануари 2022 година.

На пригодна свечаност во х. Амбасадор, во присуство на родителите и Градоначалникот на Охрид, на 56 учесници на Интернационалниот Бреинобреин натпревар, кои ја следат Бреинобреин програмата во Центарот за развивање животни вештини БОБ-Црвен крст Охрид, им беа доделени освоените награди.

И овој пат, интернационално мерливите резултати покажаа и потврдија дека нашите бреинобреин генијалци се меѓу најдобрите во светот. А успехот се должи на посветеноста, вложениот труд и упорната работа на децата, на несебичната и професионална посветеност на тренерите и на поддршката од родителите, за што изразуваме голема благодарност.

 

Бреинобреин Охрид