Викендов во Зрењанин,Р.Србија се одржа 11 Зрењанин Опен,во организација на Српската Теквондо Федерација и Теквондо клубот Зрењанин.Преку 800 натпреварувачи од 9 земји во сите тежински категории,меѓу кои и 6 претставници од Теквондо клубот Хваранг Фист .
Петар Петкоски 2 место борби пионери до 27 кг
Филип Јосифоски борби сениори 3 место до 68 кг
Ѓорѓи Петкоски 3 место борби кадети до 33 кг
Сара Ническа 3 место борби кадетки до 37 кг
Јовческа Јована 3 место борби кадетки до 55 кг
Стефан Јосифоски судија
Повеќе од успешен настап на нашите членови,имајќи ја предвид долгата пауза помеѓу натпреварите и ситуацијата со корона кризата.
Следува напорна сезона во која ќе пробаме да учествуваме и на големите Г1 турнири на кои се освојуваат и бодови за учество на олимписките игри во Париз.
Да напомениме дека петмината наши членови се корисници на стипендии од Општина Охрид,за што сме благодарни и докажуваме дека достојно и успешно ќе го претставуваме нашиот град.
Теквондо клуб Хваранг Фист .