понеделник, ноември 18, 2024
Наш ИзборНаш изборОхрид

Земон: Започнавме со пререгистрација на „ПОЕН“ – би ви биле особено благодарни доколку ни ја дадете поддршката

Партијата за општествен и економски напредок „ПОЕН“, започна со процесот на пререгистрација, што како законска обврска се прави на секои 4 години. За таа цел потребно е да се соберат најмалку 1000 изјави од граѓани за поддршка дадени пред надлежен нотар за да можи партијата да се пререгистрира.
Би ви биле особено благодарни доколку ни ја дадете поддршката. Напомена: Со потпишувањето на изјавата, НЕ станувте член на Партијата, ниту истата се смета за пристапница за членство, туку само давате поддршка да партијата се пререгистрира, вели Претседател на ПОЕН Проф. д-р Рубин Земон.

„Доколку сакате да ни ја дадете поддршката. во Охрид тоа можите да го направите кај нотарите Васил Кузманоски или Едмонд Шазивари со поттпишување на изјавата што таму ќе ви ја дадат. При тоа немате никакви трошоци за нотарско заведување.
Доколку пак сакате тоа да го направите кај друг Нотар, ве молам пишете ни да ви ја доставие изјавата што треба да се потпише“, додава Земон.