АктуелноОхрид

ГФК Охрид Лихнидос: Фудбалот е место за спортисти, а не за криминалци – квалитетно судење во Македонија не постои

Од ГФК Охрид Лихнидос преку официјално соопштение, испратено до сите спортски љубители на фудбалот и на клубот, посебно до ФФМ порачаа, со големо разочарување, дека можат да констатираат дека квалитетно судење во Македонија не постои.

– Специфично нема професионално судење кога се игра против екипата на Воска Спорт. Доколку играме 10 натпревари со вакво судење нема да победиме ниту еден натпревар. Последните два натпревари во кој судеа прво лигашки судии кои досудија непостоечки ситуации што влиаеа на конечниот резултат, ние одземена можноста за играње на фудбал и спортско радување. Имено со нашата работа успеавме да создадеме фудбалска величенствена атмосфера! На последните натпревари против екипите на Вардар, Велешта, Воска има огромен број на публика од 2.000 до 5.000 гледачи. Поради неспортски однос од тие што ја делат правдата публиката си оди разочарана после натпреварот. Денеска многу беа значајни коментарите во публиката – Да си одиме дома, бидејќи судијата ќе досуди пенал во 100-тата минута. Исто така во првото полувреме не ни беше досуден пенал каде што имаше играње со рака. Се’ беше пресликано како во претходниот натпревар со Воска. По завршувањето на натпреварот во под трибинскот простор физички беше нападнат нашиот голман Дамјан Серафимов од страна на директорот,претседателот и голманот на Воска Спорт. За овој сучај е доставен дополнителен записник до ФФМ. Доколку ГФК Охрид Лихнидос е проморан да настапува во криминалната лига, луѓето кој што го водат клубот поранешни репрезентативци докажани спортисти, нема да го дозволат тоа. Фудбалот е место за спортисти, а не за криминалци, порачаа од клубот.

Тие го цитираат и поранешниот голман и репрезентативец на Македонија и сегашен претседател на ГФК Охрид Лихнидос Данчо Целески, кој истакна:

– Секогаш кога сум играл фудбал сум сакал да се натпреварувам, сум примал голови, победувал, губел. Секоја победа или пораз е небитен во конечниот збир, меѓутоа многу боли кога ќе изгубите на фудбалски криминален начин, како во последните два натпревари со Воска спорт, вели Целески.

Воска Спорт во охридското дерби против Охрид славеше со 1-0 со гол од пенал.

извор: ОхридПрес

Видео на овој линк