АктуелноНаш ИзборНаш изборОхрид

(ВИДЕО) Донев порача дека ослободени институции ќе спроведат истраги што правеле директорите

Претседателот на Советот на општина Охрид Сашо Донев од говорницата во Советот порача дека ќе има одговорност за раководствата на јавните претпријатија за финансиски злоупотреби, но за тоа ќе мора да се како што рече „ослободат институциите“.

„Точно е дека треба да одговараат и ќе одговараат сите кои ја злоупотребиле службената положба и овластување. Да одговараат за тоа како делеле плати како ќе им текне без никаков правен основ. Мешутоа за тоа си има институции кои се надевам наскоро ќе бидат ослободени и ќе може да работат согласно закон и согласно интересот на граѓаните.“ – рече Донев.