Екипи на ЈП „Охридски Комуналец“ работеа на расчистување на кабаст отпад од водите на река Сушица. Со специјална механизација се отстрануваше покуќнината што несовесни граѓани ја оставиле по течението на реката.
Се интервенираше и кај мостот на река Сушица, на пресекот со ул.„15-ти Корпус”, каде се подигнати големи количини тешко разградлив отпад и разновиден шут, информираат од ЈП “Охридски Комуналец”.