АктуелноОхрид

Стружанец пронајден починат во својот дом

На 09.03.2022 година во 13.30 часот, во ОВР Струга пријавено е дека K.K.(81) од Струга е пронајден починат во својот дом. При увидот, извршен од Јавен обвинител и полициски екипи, било констатирано дека, во собата каде бил пронајден починатиот. претходно настанал пожар, кој не се проширил во другите простории. Лекар констатирал смрт, а по наредба на Јавен обвинител телото е предадено за обдукција.