понеделник, ноември 25, 2024
АктуелноНаш изборСвет

Москва- За прекин на огнот ќе се разговора на следната рунда преговори со Украина

Шефот на руската делегација на преговорите со украинската страна вели дека прашањето за евентуален прекин на огнот ќе се разговара за време на втората рунда преговори на 3 март.

Владимир Медински, кој е помошник на рускиот претседател Владимир Путин, на 2 март рече дека покрај прекинот на огнот, ќе се разговара и за прашањето за хуманитарен коридор во Украина, каде руските вооружени сили продолжуваат да напаѓаат градови.

Украинското претседателство потврди дека нејзината делегација е „на пат“ кон местото на разговорите, откако Медински рече дека украинската делегација веќе го напуштила Киев.

извор/фото: Слободна Европа