АктуелноНаш ИзборНаш изборОхрид

Охридското ОЈО посочено како институција која ретко одговара интервенциите на Народниот правобранител

Народниот правобранител Насер Зибери во интервју за Лидер додава дека дел од институциите најчесто доставуваат формални одговори кои не овозможуваат ефикасна заштита на правата на граѓаните.

Притоа ,Основното јавно обвинителство Охрид (ОЈО) е посочено меѓу институциите на системот што или воопшто не одговараат по интервенциите на Народниот правобранител или ретко доставуваат соодветни одговори.

Анализата покажала дека за периодот 1-ви јануари до 31-ви август 2021 годинаод вкупно 1417 дејствија преземени кон органи на државната власт, единици на локална самоуправа, органи и организации со јавни овластувања, не е одговорено по 116 дејствија.

– Што се однесува до соработката мора да се напомене дека има институции кои соработуваа,т но и такви кои го игнорират Народниот правобранител. Министерство за здравство, Министерство за транспорт и врски, Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство, Министерство за труд и социјална политика, Министерство за образование и наука, МВР Оддел за внатрешна контрола и криминалистички истраги, Управен суд, Врховен суд, Основен граѓански суд Скопје, ЈО на РСМ, ОЈО за ГОКК, ОЈО Охрид, ОЈО Кичево, Генерален секретаријат на Влада, УЈП Скопје, Министерство за правда УВМК, Државен завод за статистика, Град Скопје, Општина Берово, Кочани, Тетово, Битола, ЈКП Тетово, ЈП„Водовод и канализација Скопје – се органи кои или воопшто не одговараат по интервенциите на Народниот правобранител, ретко доставуваат соодветни одговори, односно најчесто доставуваат формални одговори кои не овозможуваат ефикасна заштита на правата на граѓаните. Да напоменам дека ова се податоци за првите осум месеци од годината, кои можеби во меѓувреме претрпеле измени, но за тоа јавноста ќе мора да почека да се објави Годишниот извештај, истакна Зибери.

 

извор/фото: лидер.мк