АктуелноНаш ИзборНаш изборОхрид

Ирина Смилеска назначена за директор на детската градинка “Jасна Ристеска”

Со одлука на градоначалникот Кирил Пецаков, за директор на ЈУДГ „Јасна Ристеска“ е назначена Ирина Смилеска која доаѓа на местото на досегашната директорка Мери Рилкова  која поднесе оставка од функцијата.

Градоначалникот Пецаков и се заблагодари на досегашната директорка за добрата соработка, а и посака успех во работата на новоименуваната директорка.

Ирина  Смилеска доаѓа од редот на вработените  во установата  и по професија е дефектолог.

 

Општина Охрид