АктуелноНаш ИзборНаш изборОхрид

Промоција на проектот “Ohrid go”

На 2 и  4-ти март 2022 година, Општина Охрид и Стелар Солушнс ќе го претстават проектот Roads Not Taken: Municipality of Ohrid Going Green, Smart, Innovative (OHRID GO), финансиран од Европската унија.

Проектот е насочен на рехабилитација на областа на бившите касарни и нејзина трансформација во технолошка и рекреативна зона. Настанот ќе се фокусира на претставување на планот за скорешното воспоставување на стартап центар, наречен Касарна Хаб, во објект во бившата касарна во Охрид. Специјален гостин на настанот ќе биде Ира Саул Рубенстеин, инвестициски консултант во областа на
иновации и обновливи извори на енергија, кој работи на проект на градот Прага за
рехабилитација на голема бивша индустриска зона во технолошки парк.

Проектот е насочен на рехабилитација на областа на поранешните касарни и нејзина трансформација во технолошка и рекреативна зона. Настанот ќе се фокусира на претставување на планот за скорешното воспоставување на стартап центар, наречен Касарна Хаб, во објект во поранешната касарна во Охрид.
Специјален гостин на настанот ќе биде Мајкл Мизрахи, директор на AtoBe Startup Accelerator, кој е дел од Азриели Колеџот за инженерство во Ерусалим, Израел, како и раководител за Центарот за истражувања, иновации и претприемништво при истата институција.

Мизрахи е претприемач чија визија е да го трансформира Ерусалим во еден од дваесетте водечки градови во светот за стартапи и претприемачи. На овој настан ќе ги сподели своите искуства и ќе направи паралели со можностите кои ги имаат Охрид и Република Македонија.