АктуелноОхрид

И жител на Дебрца доби кривична за недоличен коментар под текст на електронски портал

СВР Охрид поднесе кривична пријава против 54 годишен жител од Ново Село, општина Дебарца, поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „ширење расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем“. Тој, на 21.01.2022 година, по објавен текст на еден електронски портал, постирал коментар со недолична содржина со што, промовирал насилство кон едно лице.