АктуелноОхрид

Кривична за жител од Лескоец, бил затекна како како управува автобус без да поседува соодветна лиценца

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „вршење јавен превоз без лиценца“, СВР Охрид поднесе кривична пријава против 68 годишен жител од охридското село Лескоец.
При контрола во патниот сообраќај, извршена на 04.02.2022 година, полициските службеници на булеварот „Туристичка“ во Охрид, го затекнале пријавениот како управува автобус сопственост на правен субјект од Охрид, без да поседува соодветна лиценца издадена од надлежен државен орган за вршење превоз на патници во внатрешниот сообраќај.