четврток, ноември 28, 2024
АктуелноНаш изборНаш ИзборОхрид

Денеска во Охрид 22 новозаразени од КОВИД 19

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа направени се 2.808 тестови, а регистрирани се 905 нови случаи на Ковид-19: Скопје – 468, Битола – 57, Кавадарци – 43, Велес – 41, Куманово – 38, Тетово – 32, Прилеп – 31, Охрид – 22, Струмица – 21, Радовиш – 16, Гевгелија и Неготино – по 15, Штип – 14, Кичево – 13, Ресен – 12, Свети Николе – 11, Струга – 10, Гостивар – 9, Дебар – 7, Кочани – 6, Валандово – 5, Крива Паланка, Берово и Виница – по 4, Богданци и Демир Хисар – по 2, Кратово, Крушево и Македонски Брод – по 1.

Од вкупниот број на позитивни (905), регистрирани се 161 реинфекции.

Регистрирани сe 1.565 оздравени пациенти од: Скопје – 970, Куманово – 89, Тетово и Прилеп – по 58, Кавадарци – 57, Битола – 47, Струмица – 31, Велес – 28, Кочани – 24, Неготино – 21, Охрид – 20, Гевгелија и Штип – по 18, Гостивар – 14, Кичево и Струга – по 13, Крива Паланка – 12, Радовиш – 11, Богданци – 9, Македонски Брод – 7, Берово – 6, Свети Николе – 5, Ресен, Виница, Делчево, Демир Капија и Пехчево – по 4, Дебар, Валандово и Демир Хисар – по 3, Крушево и Македонска Каменица – по 2, Кратово, Пробиштип и Дојран – по 1.

Во текот на изминатите 24 часа, регистрирани се 10 починати лица: по 3 починати лица од Скопје (70г, 77г и 97г) и Прилеп (61г, 72г и 77г) и по едно од Велес (75г), Охрид (88г), Кавадарци (58г) и Крушево (63г). Од пријавените лица 9 се починати во болнички услови, а едно лице е починато во домашни услови.

Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, дополнително се пријавени 8 починати лица од: Скопје (2), Прилеп (1), Охрид (1), Битола (1), Куманово (1), Македонски Брод (1) и Неготино (1). Починатите лица се на возраст од 54г. до 86г. Лицата за починати се пријавени во период од 07.02. до 15.02.2022. Од починатите лица, 7 се починати во домашни услови, а едно лице во болнички услови.

Од вкупниот број на починати лица, кај 15 лица се регистрирани коморбидитети.