АктуелноНаш изборНаш ИзборОхрид

Временска измена на сообраќајот кај Подмоље

Поради изведување градежни работи на автопатот Кичево-Охрид, од денеска ќе има дислокација, односно пренасочување на сообраќајот на потегот од Подмоље до Охрид во должина од 6.970 метри, информираат од компанијата главен изведувач на патот „Синохидро Корпорејшен Лимитед“.

Од компанијата посочуваат дека на оваа делница од патот ќе се изврши измена на сообраќајот и пренасочување од лева на десна коловозна лента во правец кон Охрид и дека по завршувањето на градежните работи, повторно сообраќајот ќе биде воспоставен во првобитната ситуација.

– Во овој период ќе се превземат сите неопходни мерки за обезбедување и регулирање на сообраќајот, согласно сообраќајното решение за времена измена на режимот, појаснуваат од кинеската компанија.