АктуелноВидеоОхрид

(ВИДЕО) Охрид SOS една недела чека резултати од испитувањето на квалитетот на водата во каналот

Минатиот понеделник добивме известување од инспекторот за животна средина во Општина Охрид, Зоран Плушкоски, дека одржале состанок со претставници од ЈП „Колекторски систем“ и ЈП „Нискоградба“ – Охрид и дека поднесле барање до ЈЗУ „Центар за јавно здравје“ за испитување на квалитетот на водата на посочената локација. Постапката сè уште била во тек и по нејзиното завршување ќе известеле за резултатите, пишуваат на својот Фб профил од Охрид SOS.

Во објавата додаваат:

Само ги потсетуваме институциите да се забрзаат активностите, очекуваме резултатите добиени од ЈЗУ „Центар за јавно здравје“ да се објават јавно во медиумите, како жителите на општината би биле информирани и би се зголемила транспарентноста на институциите. Исто така, очекуваме јавноста да се информира и за сите други чекори и активности кои ќе се преземат, од страна на Кирил Пецаков – Градоначалник на Општина Охрид и погоре посочените јавни претпријатија и служби.
Видеото е снимено пред два дена, состојбата е непроменета.