АктуелноОхрид

СВР казни 39 возачи кои извршиле престигнување на места каде е тоа забрането

На 11.02.2022, при извршени сообраќајни контроли на подрачјето на СВР Охрид, полициските службеници санкционирале 39 возачи кои извршиле престигнување на места каде е тоа забрането (Охрид-17, Струга-09, Кичево-07, Дебар-06). Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредниот период, со цел зголемување на безбедноста во сообраќајот и подигнување на безбедносната култура кај возачите за целосно придржување до поставената патна сигнализација.