недела, ноември 24, 2024
АктуелноНаш изборНаш ИзборОхрид

Започнува четвртата сезона од Националната кампања „Ги запознаваме ретките болести“

Утре, 1. февруари 2022 година започнува четвртата сезона на Националната кампања „Ги запознаваме ретките болести“.

Проектот е од информативно-едукативен карактер, а на него работеа професори и доктори од Детската клиника и Клиниката за Неврологија во Скопје во текот на изминатата година. Преку соодветни текстови, подоцна преточени во видео и аудио записи ќе се запознае јавноста со ретките дијагнози од кои заболуваат бројни граѓани и на нашата земја.

Во рамките на Националната кампања „Ги запознаваме ретките болести 2022“, од утре, и во текот на целиот месец февруари, покрај материјалите кои ќе се емитуваат на близу 60 национални, регионални и локални медиуми во државата, ќе биде осветлена Самуиловата тврдина, како едно од најважните обележја на Охрид, а во знак на поддршка на пациентите кои се борат со ретки болести и нивните семејства.