АктуелноНаш ИзборНаш изборОхрид

In memoriam :Писателот Тоде Илиевски почина на 70 годишна возраст

По кратко боледување денеска во Охрид на 70 годишна возраст почина писателот Тоде Илиевски.

Роден е на 7 март 1952 година во охридското село Мраморец.  Завршил Филолошки факултет во Скопје . Работел како просветен работник во повеќе места во Западна Македонија. Бил директор на Радио Дебар и на НУ Библиотека „Григор Прличев“ – Охрид.

Член на Друштвото на писателите на Македонија од 1994 година. Учествувал во работата на редакциите на „Јужен бран“, „Спизалит“, „Радосна вест“ и „Копнежи“, а бил главен и одговорен уредник на енигматските забавници „Клуч“ и „Ѕуница“. Одделни песни му се препеани на други јазици. Застапуван е во антологии, избори и учебници. Преведува од словенските јазици.

Од неговата богата прозна и поетична ризница се издвојуваат делата:

  • „Ведро едро“ (поезија за деца, 1990)
  • „Концерт за шумите“ (поезија, 1992)
  • „Изворите во горите“ (поезија за деца, 1999)
  • „Зелен блен“ (поезија, 2001)
  • „8X8 by Tode Ilievski – 64 selected problems 1977 – 2002“ (шаховски проблеми, 2002)
  • „Лов на Лебедовото Езеро“ (поезија, 2008)
  • „Приватните библиотеки во Охрид и Охридско“ (лексикон на приватни библиотеки во коавторство со Виолета Мартиновска, 2008)
  • „Липов чај“ (поезија за деца, 2009)
  • „Ќерката на поетот“ (поезија, 2011)

Добитник е на бројни награди и повелби: