Учениците од 1 февруари се враќаат во училишните клупи. Министерот за здравство, Беким Сали, денеска потврди дека наставата во второто полугодие ќе продолжи со физичко присуство и покрај зголемениот број на заразени со новиот сој Омикрон.
„Сите иницијативи кои се преземаат од родители и одредени групи не сносат правна одговорност. Според нашите искуства нема да има потреба од онлајн настава во овој период, затоа што епидемиолошката состојба се менува секоја недела“, вели Сали, кој во петокот ја прими третата доза вакцина против Ковид-19.
Министерството за здравство најави скрининг по случен избор на деца и во зависност од тоа ќе се преземаат нови мерки. „Нема зголемување. Забележуваме дека опаѓа на бројот на заразени, нема потреба од нови мерки“, вели тој.
Школскиот распут во Северна Македонија беше пролонгиран две недели поради големиот број заразени со Омикрон.