АктуелноОхрид

70-годишен охриѓанец се обидел да пушти во оптек лажна банкнота од 50 евра

СВР Охрид поднесе кривична пријава против 70 годишен охриѓанец , поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување пари“.

На 19.03.2020 пријавениот во банка се обидел да пушти во оптек лажна банкнота од 50 евра, за која со вештачење од Дирекцијата за трезорско работење при Народната банка било потврдено дека e фалсификат, се вели во билтенот на Министерството за внатрешни работи.