петок, март 29, 2024
АктуелноОхрид

(ФОТО) Oд рано утрово службите на терен го чистат снегот во Охрид

Оперативните служби од рано утрово се на терен и ги чистат улиците во Охрид од снежните наноси со сол и ризла.

Покрај екипите на ЈП „Охридски комуналец”, „Нискоградба”, „Билјанини Извори”, кои до доцна во ноќта беа на терен, од утринава нив им се приклучи и екипа на ЈП „Водовод” Охрид.

Голем дел од критичните точки се исчистени, а во најголем дел тротоарите и пешачките патеки се проодни.