АктуелноНаш изборНаш ИзборОхрид

Бигорскиот манастир со соопштение за Богојавление

Распоред на Богослужбите

Понеделник (4/17 јануари)

16:00

 Вечерна богослужба

23:00 – 04:00 Сеноќно бдение

04:00 – 04:30 Богојавленски Голем водосвет во манастирската фијала


Среда (6/19 јануари) ВОДИЦИ

08:00 

Божествена Златоустова Литургија во храмот „Пресвета Богородица“ во с. Ростуше

09:30 Почеток на торжествена Литија од храмот „Пресвета Богородица“ во с. Ростуше до „Ростушки мост“ на р. Радика

 


Полагање на Крстот во реката Радика

Ги замолуваме сите заинтересирани кои сакаат да земат учество во чинот на полагањето на крстот во водите на реката Радика, да се пријават кај нашиот надлежен јеромонах, о. Доситеј на следниот телефон: +389 70 342 970


 

 

Божјата благодат и силата на Светиот Дух со Кој се осветува водата, особено се чувствува на денот на Просвештението, кога правиме спомен на Крштението Господово од раката на Св. Јован Претеча. Со чинот на осветувањето на богојавленската вода и полагањето на крстот во водите, се символизира ослободувањето од гревот што Христос му го донесе на родот човечки. Во тој миг се случува осветување на сите води и секој што ќе се допре или пие од таа осветена и облагодатена вода, го чувствува Божјиот благослов, се исполнува со голема сила и му се дава духовно и телесно здравје, но само доколку со вистински страв Божји и побожност пристапува кон оваа голема тајна. Затоа е многу важно учесниците во чинот на полагањето на крстот во водата претходно да учествуваат и на Божествената Литургија со примање на Светата причест.

Всушност самиот овој чин не треба да биде сфатен како еден обичен ритуал, ниту некаква натпреварувачка игра на којашто целта е само да се фати крстот, туку учесниците после Литургијата треба со литија да се упатат кон местото каде што ќе се осветуваат водите, и тука со најголема почит и внимание да ги слушаат прекрасните молитви на водосветот, без непристојно однесување и викање, бидејќи така си го отфрлаат благословот. Оној, пак, кој ќе се удостои да го извлече крстот што се допира до водите и ги осветува, и да му го врати на свештеникот, треба претходно да го целива со вера, да им даде и на другите околу себе да го целиваат за и тие да бидат благословени. Потоа да го однесе благословот и во својот дом кај своите ближни, зашто крстот треба да им стане она што ќе ги обединува сите во взаемна љубов и силна вера во Христа.

Ги замолуваме богољубивите Христијани кои сакаат да земат учество во празничните богослужби, да ги почитуваат препорачаните мерки за заштита од корона вирусот.

Со благослов на Епископот Антаниски г. Партениј
игумен на Свештената Бигорска Обител