Наш ИзборНаш изборСвет

Милитанти во Нигерија убиле најмалку 200 селани

Најмалку 200 луѓе загинаа во напад на милитантни групи во северозападната нигериска држава Замфара.

Властите сметаат дека тоа е одговор на воените воздушни напади во кои загинаа повеќе од 100 милитанти во понеделникот.

Вооружени лица влегувале во селата, палеле куќи и ги осакатувале телата на жртвите.

Нигериската влада долго време е во конфликт со голем број локални криминални групи кои ги нарече „банди”.

Таа објави дека се работи за криминална мрежа која дејствува на голема површина, краде животни, киднапира заради откуп и ги убива оние кои им се спротивставуваат, пишува Би-Би-Си.

Во меѓувреме, локалните медиуми објавија дека вооружените групи ги напуштаат засолништата во шумските области поради нападите на власта.

 

извор/фото: агенции