Дали градоначалникот на Охрид Кирил Пецаков покажувајќи високо ниво на чувство за реални и корисни предлози предложени од советници на опозицијата успева од седница на седница да придобива нови советници од опозицијата кои почнаа јавно да го фалат градоначалникот,да гласаат за неговите предлози и да го поддржуваат без притоа да влезат во коалиција со ВМРО ДПМНЕ и да останат опозиција ?
Со евтини решетки по предлог на опозициската ВМРО НП – градоначалникот Пецаков конечно ефективно го спасува езерото од пластика !
Прв предлог од опозициски советник кој Пецаков веднаш дозволи да се реализира е поставувањето решетки кои физички ќе ја сопрат пластиката да влегува во Охридско Езеро и да го уништува живиот свет во нашето најголемо богатство. Овој предлог е доставен од советникот Ванчо Костоски, кој мака мачел и бил одбиван од претходната власт да го реализира проектот кој е премногу евтин ( за една решетка со се градба на пропратните нешта требаат по околу 300 евра ), а има големи ефекти по животната средна. Па така Пецаков уште првата седмица од доаѓањето на власт дал налог оваа идеа да се рЕализира во пракса на сите реки на територијата на општина Охрид кои со децении го полнат езерото со пластика.
Египќаните во управни одбори
Градоначалникот Кирил Пецаков предложи дури четворица припадници на Египќаните во управните одбори на јавните претпријатија, а извесно е дека може да се случи прв пат во историјата на Охрид , припадник на Египќаните да стане Претседател на Управен одбор на јавно претпријатие – нешто што во Охрид кој со децении сакаше да се прикажува како космополитски град, но за жал во пракса не беше случај.
Прифатени предлози за асфалтирање улици
Пецаков ги прифатил и предлозите за асфалтирање на улици во населби каде живеат Египќани, исто така предложени од советникот Египќанец Арбен Демироски Бено и овие улици влегле во програмата и буџетот за 2022 година.
ПОВРЗАНА ВЕСТ