АктуелноИнтервјуаНаш изборОхридРепублика

Дали ШПАРКАСЕ БАНКА донесе само зголемени провизии и бескрајни проблеми за клинетите ? !

Продолжува малтретирањето на коминтентите на ШПАРКАСЕ БАНКА. Фирмите кои користат услуги на ШПАРКАСЕ БАНКА претходната седмица беа известени со „е маил“ порака дека треба да извадат документи од централен регистар за да ги ажурирале сметките. Иако ова е трет пат во последните месеци да се ажурираат сметките, голем број од фирмите почнаа процедури за вадење на „Тековна состојба“ и „ документ со кој се потврдува вистинскиот сопственик“ во централниот регистар, со што се изложија НЕПОТРЕБНО на трошоци, бидејќи ШПАРКАСЕ БАНКА овој е миал го испратила по грешка.

Безобразлукот на банката е толку поголем што никој не испрати повторно е-маил да им јави на коминтентите дека не треба повторно да ажурираат сметки, нити ги информира во јавноста преку соопштение.

„ Ништо друго од ШПАРКАСЕ БАНКА не добивме освен ЗГОЛЕМЕНИ ПРОВИЗИИ на сите услуги. А услугите им се катастрофални и сега за наши пари плаќаме да ни овозможи банката бескрајни нервози, малтретирања, тормозења и постојано ажурирање на сметките за кое незнам ни сам колку пати до сега вадиме документи. И сега ево по грешка сме извадиле документи, ама ФАЛА ИМ, таман со документиве да одиме во друга банка и таму да си отвориме сметки, за да се спасиме од дова тероризирање. Сите услуги им се катастрофални, електронското банкарство им е нај споро, провизиите огромни… Бегам во друга банка со документиве кои по грешка ме натераа да ги извадам“ – вели сопственик на фирма од Охрид.

Грешките на банката како да немаат крај, претходно клиентите беа збунати бидејќи банката ги информира по е маил дека состојбата на изводите не им била реална ( што значи не е реален приказот на пари на сметката ).

СИТЕ ПОВРЗАНИ ВЕСТИ СО ШПАРКАСЕ БАНКА СО КЛИК  Т У К А !