АктуелноОхрид

Охриѓанец затекнат при извршување кражба во објект на вулканизерска работилница во селото Оровник

На 18.12.2021 околу 20.30 часот, полициски службеници од СВР Охрид го лишија од слобода 36 годишен охриѓанец. Тој бил затекнат при извршување кражба во објект на вулканизерска работилница во селото Оровник, општина Дебарца. Одземените предмети се вратени на сопственикот, а по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.