Свет

Русија накратко ќе го исклучи интернетот во целата земја

Русија накратко ќе го исклучи интернетот во целата земја, како дел од подготовките за идна сајбер-војна, објави Би-би-си.

За време на тестот податоците што се разменуваат меѓу руските граѓани и организации ќе останат во рамките на националните граници, наместо да бидат пренесувани на меѓународно ниво.

Законот, во кој се предлагаат технички промени неопходни за самостојната работа на Интернет, од крајот на минатата година е во рускиот парламент. Предлог закон наречен Digital Economy National Program треба да биде донесен оваа година.

Целта на овој закон е да овозможи независност на Русија во случај на исклучување на земјата од светската интернет мрежа. До ова би можело да дојде поради се почестите обвинувања од страна на западот дека голем дел од „сајбер“ нападите доаѓаат од Русија.
Тестот треба да биде изведен пред 1 април, но сѐ уште не е даден прецизен датум.

The post Русија накратко ќе го исклучи интернетот во целата земја appeared first on Скопје1.мк.