Спасувачи во јужноафриканскиот град Дурбан по тричасовна акција успеале да го спасат малото новороденче од одводен канал, јави Би-би-си.
Минувачи го слушнале плачот на бебето и се обратиле до надлежните служби.
За да можат да стигнат до бебето, спасувачите ја ископале површината околу одводниот канал.
Детето е веднаш префрлено во болница во Дурбан. Лекарите изјавија дека бебето има блага хипотермија, губиток на телесна топлина, и дека имало неколку модрици и посекотини.
Полицијата спроведува истрага за тоа како девојчето дошло во градскиот одвод и кои ѝ се родителите.
The post (ВИДЕО) Три часовна успешна акција новороденче спасено од одводен канал appeared first on Скопје1.мк.