ВидеоИздвојувамеИнтервјуаСвет

(ВИДЕО) Д-р. Абазовиќ за NEWS1: Третманите со матични клетки даваат многу добри резултати во лекувањето на КОВИД 19, се надевам дека Македонија за кратко време ќе стане центар за регенеративна медицина

Матичните клетки и терапијата со крвна плазма богата со антитела, во голема мера помагаа во лекување на корона вирусот и кај пациентите кои се во критична состојба. Станува збор за лекување на пациенти кај кои корона вирусот направил голема штета. Ова лекување сеуште е во експериментална фаза, затоа што е лимитирано. Но, со задоволство можам да кажам дека со ова лекување имаме постигнато многу добри резултати со колегите од Хрватска, Словенија и Италија каде се лекувани многу пациенти. Јас искрено се надевам дека овој третман повеќе нема да го користиме за лекување на корона вирусот, но отворивме едно широко поле за лечење на пациенти кои од некоја друга причина доаѓаат во најтешка состојба, вели д-р Џихан Абазовиќ специјалист по регеренативна медицина.

Тој додава дека матичните клетки помагаат да се олесни состојбата на овие пациенти и тие да преживеат.

Инаку, кинезите започнале со употреба на матични клетки за борба против коронавирусот и виделе дека тоа носи успех. Во трудот што го објавија споменати се многу пациенти на кои користеле матични клетки и кои по третманот закрепнале.

Кинеските лекари започнале да лекуваат пациенти со матични клетки кога ги исцрпиле сите други опции, и тоа кај најтешко болните, кога виделе дека немаат успех со конвенционалниот начин на лекување.

„Овие пациенти беа излекувани“, вели Абазовиќ.

Тој објаснува дека матичните клетки не можат да го убијат вирусот и дека терапијата не може да се примени сè додека не се развие клиничка слика.

Инаку третманите со матични клетки дава многу добри резултати и во лекување на многу други болести, како што се автоимуни болести, за деца кои имаат церебрална парализа, аутизам, кај луѓе кои имаат повреда на кичмата, но и за лекување на карциноми…

Овие Методи на лекување се применуваат и во Македонија. Абазовиќ соработува со болницата „8 ми септември“ и „Ре медика“.

  • Се надевам дека Македонија за многу кратко време ќе стане познат центар за регенеративна медицина, вели д-р Абазовиќ.