Охрид е во шпицот на сезоната и овој продолжен викенд илјадници гости до последно место ги исполнаа сместувачките капацитети, но ги исполнаа и улиците по кои е тешко да се движат автомобили. Градоначалникот на Охрид, Константин Георгиевски денес со точак пристигна на плоштадот во Охрид за да положи венец пред спомениците на паднатите востаници од Охрид и околината.
