(ВИДЕО) Охриѓани си ја вратија некогашната „Градска плажа“

Градот е преполн, концертно туристичкиот шпиц е во полн ек. Денес „Кеј Македонија“ во Охрид овие денови е претворен ( или вратен како што си бил порано ) во „Градска плажа“ на жителите на Охрид. Кејот е полн со капачи, лежалки, чадори за сонце, а тревникот, клупите и плочникот се премали за да ги примат сите кои тука сакаат да уживаат и да се разладат во топлите денови. Охрид е погоден од топлотен бран кој резултира со температури до 38 степени во сенка, а луѓето на кејот, кој сега е плажа само покажуваат дека се тече и се, се менува и кругот пак ќе се заврти таму од каде што почнал. По долги години „проби“ со различни „нови“ плажи, повторно луѓето се вратија таму каде се започна. Постарите местото го паметат како ПТТ, помладите како „Хотел Тино“, а сите генерации знаат каде е „пред Палас“. Погледнете го видеото како беше денес во Охрид на плажата на градскиот кеј.

 

Close