АктуелноИнтервјуаРепублика

(ВИДЕО ИНТЕРВЈУ) Солза Грчева: Насилната промена на државното име ќе им одземе гласови и на СДСМ и на ВМРО ДПМНЕ

Законот за Јавно обвинителство помина на Влада, сега на ред е истиот да го разгледуваат и пратениците во собранието. На оваа тема разговараме со претседателката на „Глас за Македонија“, Солза Грчева.

„Ние не  живееме во развиена парламентарна демократија, ако нешто помине на Влада, тоа воопшто во нормалните демократи не значи дека ќе помине и во Собрание. Кај нас е веќе извесно, штом е поминато на Влада, тоа значи дека е обезбедено некакво мнозинство. Ние се научивме да живееме во театар каде што даде едните божем бараат, а другите божем не даваат. Гледаме дека сите работи кои во суштина не се добри, како овој закон што е фаличен со многу фалинки тие се договараат и ако креваат многу галама во јавноста дека едните го предлагаат, а другите го одбиваат.  Грчева во интерву за Охрид 1 вели дека  „Самиот закон е лош“.

Грчева во интервју за Охрид 1  зборува и за изборниот законик, за тоа дали треба да има отворени листи, како и за иднината на „малите“ партии, наспроти ВМРО ДПМНЕ и СДСМ.

„Мора да работиме во парламентот да се промени изборниот законик. Ова им овозможи на ВМРО ДПМНЕ и СДСМ постојано да се менуваат и да се на власт“, вели  претседателката на „Глас за Македонија“.

Што Грчева мисли за престојните избори. Таа е категорична дека на СДСМ ќе им одземе многу гласови насилната промена на името. Според неа референдумот беше одличен индикатор , каде 63 % од луѓето јасно кажаа дека не се за промена. На иста основа  вели Грчева, губи и ВМРО ДПМНЕ.

„Да не се лажеме, бидејќи тука имавме главен изведувач и имаме подизведувач кој испорача 9 пратеници кога беше потребно и не излезе од парламентот кога требаше да излезе. Покрај промената на државното име да не се лажеме тука е и мегаскандалот „Рекет“ .

Грчева зборува за иселувањето на младите, но и за жените во политиката…

Интервјуто во целост со претседателката на „Глас за Македонија“, Солза Грчева во продолжение.

фото: Охрид 1

Напишете коментар