АктуелноИнтервјуаОхрид

ЈП „Градски гробишта“ ќе поставува фотоволтаична централа -ќе произведуваат електрична енергија, а вишоците струја ќе ги продаваат

2019 год за ЈП „Градски гробишта“, заврши солидно. Директорот на ЈП Ванчо Костоски за Охрид 1 вели дека во позитива се над 2 милиони денари.

„Последниве две годии ни се финансиски успешни и сме задоволни од работата. Во овие две  години како сум директор платата е редовна на 1- ви во месецеот. Покрај основната плата платени во целост на вработените им се сите вишок одработени саати, како и К15“, вели Костоски.

Основната функција на ЈП е управување со градски гробишта, но ЈП доби и Б лиценца за градење. Директорот објаснува што значи оваа лиценца и додава дека покрај поставување на бекатон плочки, топките за забрането паркирање, годинава имаат и два нови производи, тоа се канали за одведување на атмосферски води и сливници.

Костоски вели дека оваа година беше рекордна со работа со локалната смаоуправа,  поточно дека имаат сработено околу 6 милиони денари со ДДВ.

Костоски во интервјуто за Охрид 1 зборува за капелата за муслимански верници, која  е обновена и ставена е во функција.

„Истата ја изградивме со сопствени средства. Ги задоволивме потребите на граѓаните од муслиманска вероисповест“, вели Костоски.

Првиот човек на ЈП Градски Гробишта објаснува дека откако е директор покрај тоа што редовно ги плаќа тековните трошоци, вели дека подмирува трошоци кои ги наследил. Имено како што кажа Костоски пред неколку месеци ги исплатиле компјутерите кои биле купени пред 7 – 8 години, а не биле платени. „Исплатени се каматите, извршителите“, вели Костоски.

„За да ја зголемите продуктивноста, а да ги намлиме трошковите тежнееме да ги намалиме трошоците за електрична енергија. Минатата година поставивме парно. За да бидеме посовремени следниве два три месеци имаме план да поставиме фотоволтаична централа над ресторанот, кај што ни дозволува просторот, со што ќе се приклучиме на мрежниот систем и ќе ги намалиме трошоците за електрична енергија“, вели Костоски.

Интервјуто до директорот на ЈП Градски Гробишта во целост во продолжение:

 

Напишете коментар