четврток, март 28, 2024
АктуелноОхрид

(ФОТО) Пристигнаа и првите елени на Галичица

Националниот Парк Галичица е во завршна фаза на реализацијата на проект за враќање на елените на Галичица. Деновиве пристигнаа и првите елени на Галичица.

Оваа активност е дел од поголем проект за подобрување со управувањето на Националниот парк Галичица преку заштита, конзервација на биолошката разновидност и спроведување на мониторинг. Проектот траеше 12 месеци и е финансиран од Програмата на Европската унија „Подобрување на управувањето со заштитените подрачја“, што ја спроведува Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) во партнерство со Министерството за животна средина и просторно планирање.

фото: НП Галичица