АктуелноОхрид

Годинава ќе се проширува терминалната зграда на аеродромот „Св. Апостол Павле“

Годинава ќе се проширува терминалната зграда на аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид.

Ова ќе придонесе за удвојување на капацитетот на охридскиот аеродром, каде потоа ќе може да се опслужуваат до 600.000 патници годишно, со 5.000 до 6.000 летови, објави охридпрес.ком.мк.

Минатата година за првпат е регистрирана бројка од над 300.000 патници што е значаен пораст на патничкиот сообраќај од 815%, или осумкратно зголемување за период од 10 години.

Охридскиот аеродром моментално има 22 дестинации, од кои 8 се редовни авиолинии,сите опслужувани од 13 авиокомпании.

извор: Охридпрес.ком.мк

Напишете коментар